Top Sport

Болидот на Ферари за 2018 ги помина тестовите на удар

Болидот на италијанскиот гигант Ферари за следната сезона веќе ги помина задолжителните тестови на удар на ФИА, со што Скудерија сакаше да покаже дека ќе биде подготвена за борба за титулата во 2018 година.

Болидот, интерно познат како 669, ги поминал тестовите во Болате во близината на Милан под водство на техничкиот директор на тимот, Матија Биното во петокот. Ова доаѓа точно два месеци пред предвидената промоција на болидот на 22 февруари, со што имаат доволно време за дополнителни подготовки.

Ферари, како сите тимови во Ф1, за следната сезона мораат да ги подесат болидите со новите технички директиви за управувањето и предната суспензија.

Scroll to Top