Top Sport

Болт се возеше со Хамилтон: Мислев дека ќе умрам!

Луис Хамилтон во неделата победи на Американското ГП и речиси сигурно ќе биде крунисан светски шампион по четврти пат на следната трка. Во Остин, тој имаше посебен навивач, неговиот добар пријател, спринтерската легенда Јусеин Болт.

И Хамилтон, како секој добар пријател, реши да го повози Болт.  Но, јамајчанскиот светски рекордер на 100 и 200 метри, најбрзиот човек на светот, едноставно не беше подготвен за таква брзина.

„Искрено, не бев подготвен. Бев под голем стрес. Потоа, тој реши да ги исклучи електронските помагала. Мислев ќе умрам“, открива Болт.

 

 

Scroll to Top