Top Sport

Трипие се договорил со Атлетико

Атлетико Мадрид во наредните денови треба да заврши со реконструкцијата во одбраната. „Јорганџиите“ по завршувањето на сезоната останаа без Диего Годин, Хуанфран Торес и Фелипе Луис, играчи без кои не можеше да се замисли тимот на Диего Симеоне.

Англиските медиуми попладнево објавија дека Атлетико го договориле трансферот на Киран Трипе. Цената на трансферот треба да изнесува околу 35 милиони евра.

За место во тимот англискиот репрезентативец ќе се бори со Колумбиецот Сантијаго Аријас, кој од минатото лето е член на Атлетико.

Тренерот Симеоне веројатно реконструкцијата на одбраната ќе ја заврши со трансферот на Марио Ермозо од Еспањол, иако постоеја шпекулации дека овој фудбалер наредното лето ќе пристигне во Мадрид како слободен играч.

Атлетико летото заработи најмногу од сите клубови во Европа. „Јорганџиите“ продадоа играчи за 280 милиони фунти, а на досегашните трансфери се издвоени 176 милиони фунти.

Scroll to Top