Top Sport

Ботас: ФИА сака да не контролира

Валтери Ботас, асот на Алфа Ромео во Формула 1 ја коментираше одлуката на ФИА да им забрани на возачите да даваат политички изјави.

„Да бидам искрен, политика не ме интересира. Сакам да се тркам, но од друга страна, политиката е дел од нашите животи. Мислам дека направивме добра работа во минатото кога го свртевме вниманието на некои негативни појави во општеството. Го кренавме гласот, а Фетел беше можеби лидер во тоа“, вели финскиот возач.

Ботас смета дека за секоја тема треба јавно да се разговара.

„Не знам зошто ФИА сака да не контролира. Треба да имаме право да зборуваме за се што сакаме. Така гледам на работите, но ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Ботас.

Scroll to Top