Top Sport

Арнолд доби нов мандат

Селекторот на Австралија, Греам Арнолд, ќе остане на оваа функција и во наредните четири години потврди Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Позицијата на Арнолд беше доведена во прашање минатата година бидејќи Австралија се мачеше да се пласира на Светското првенство во Катар. Сепак, Арнолд ја водеше репрезентацијата до победа против Перу на пенали во плеј-офот, а потоа и до најуспешниот мундијалски настап.

Австралија победи на два натпревари во групата со Франција, Данска и Тунис. Во осминафиналето Австралија испадна од Аргентина.

Неговиот претходен договор истекуваше на крајот на Светското првенство. Тој ги разгледа понудите од странство, пред Фудбалската асоцијација на Австралија денес да потврди дека се согласил на четиригодишно продолжување на договорот.

Арнолд е првиот австралиски тренер по Френк Фарина кој доби втор мандат. Негова прва голема цел ќе биде Азискиот куп во Катар во јануари 2024 година. Квалификациите за Светското првенство во 2026 година започнуваат во ноември.

Scroll to Top