Top Sport

Ботас и Мерцедес доминанти во Тексас, но Финецот пак ќе биде казнет

Валтери Ботас беше најбрз на првиот тренинг пред Американското ГП, победувајќи го својот колега од Мерцедес Луис Хамилтон и оставајќи го лидерот во генерален пласман, возачот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен далеку на третото место.

Ботас имаше најдобро време од 1:34.874, за само 4 илјадити делови од секундата пред Хамилтон, додека Ферстапен заостана речиси цела секунда, најавувајќи доминација на Мерцедес овој викенд. Меѓутоа, мала главоболка носи одлуката по шести пат да се смени компонента на моторот на Ботас за трката, со што тој пак ќе добие казна од 5 места за неделната трка.

Зад ривалите за титулата беа двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер на четвртото и Карлос Саинс Јуниор на петтото место, а во топ 10 беа и Пјер Гасли (Алфа Таури), Серхио Перез (Ред бул), Лендо Норис (Мекларен), Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) и Кими Раиконен (Алфа Ромео).

Scroll to Top