Top Sport

Нов пораз за Џенова, Пандев доби десетина минути

Џенова не успеа да го комплетира камбекот и да стигне барем до поен на гостувањето кај Торино, губејќи со 3:2 за петти пораз во новата сезона во Серија А, поставувајќи притисок на „вечниот“ тренер на Грифоне, Давиде Балардини.

Торино во првото полувреме стигна до брзо водство – во 14. минута Антонио Санабрија ги донесе „биковите“ во водство за во 31. минута, Томасо Побега да зголеми на 2:0. Матија Дестро во 69. минута даде надеж за камбек на Џенова, но само осум минути подоцна Јосип Брекало ја врати предноста од два гола на Торино.

Горан Пандев доби шанса во 80. минута од мечот, и веднаш по неговото влегување, Фелипе Каиседо успеа да намали на 3:2, но на крајот Џенова го забележа петтиот пораз во девет кола во Серија А, со што остануваат на претпоследното место со само шест освоени поени. Торино со победата ја прекина низата од пет меча без победа, за да скокнат на 10. место со 11 поени.

Scroll to Top