Иако на сите Формула 1 фанови им е јасно дека Валтери Ботас е „возач број 2“ во Мерцедес зад седумкратниот шампион, Луис Хамилтон, од тимот постојано го демантираат тоа.
Самиот Финец во третата сезона од серијата на „Нетфликс“ со име „Вози да преживееш“, во која се опишуваат случките од сезоната 2020, признава дека бил блиску до повлекување од спортот по контроверзното Руско ГП во 2018 година. Во Сочи во 2018 година, во ситуација во која Хамилтон и Фетел се бореа за титулата, Ботас беше лидер пред да добие порака да му го препушти местото на Британецот.
„Тоа беше тешка трка. Тешко ми беше да прифатам и бев многу лут. Се прашував: ‘Зошто го правам ова?’ и размислував да се повлечам. По трката јасно им кажав дека нема да го повторам тоа“, вели Ботас.
Тој вели дека најголемата желба му е да се ослободи од репутацијата на „втор возач“.
„Знаете, ако вашиот колега постојано победува, а вие сте втори, тоа е пораз. Знам дека сум бил втор во минатото, но сакам да докажам дека сум повеќе од сасмо број 2. Многумина не го признаваат тоа, но тимот потсвесно има број 1 и број 2“, вели Ботас.