Top Sport

Ботас ќе остане во Мерцедес

Финецот Валтери Ботас и наредната сезона ќе вози еден од болидите на Мерцедес во шампионатот на Формула 1, потврдија во четвртокот од германскиот клуб.

Со потврдата дека Ботас останува во тимот, Мерцедес ставија крај на неколку месечните шпекулации дека 30 годишниот возач по завршувањето на сезоната ќе биде заменет со тест-возачот Естебан Окон.

„Му поставивме предизвик на Валтери, ова сезона да биде подобар од претходната. Тоа тој го оствари. Имаше неколку импресивни трки на почетокот на сезоната. Остварените резултати не се случајни. Одлично соработуваше со Хамилтон, ја покажа вистинската сила на својот карактер“, рекол првиот човек на тимот Тото Волф.

Ботас оваа сезона има освоено 188 бода и се наоѓа на второто место во генералниот пласман. Пред него е само колегата Луис Хамилтон.

„Среќен сум што уште една сезона ќе минам во Мерцедес. Благодарен сум им на сите бидејќи имаат доверба во мене. Моја цел е да станам шампион во Формула 1. Верувам дека таа цел со Мерцедес можам да ја остварам во 2020 година“, рекол Ботас.

Годинешниот шампионат во Формула 1 ќе продолжи викендов со трката за Големата награда на Белгија, на патеката Спа Франкошамп.

Scroll to Top