Top Sport

Нианг нов претседател на ФИБА

Аман Нианг е избран за нов претседател на Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА). Делегати од 156 национални сојузи на конгресот на ФИБА во Пекинг, во четвртокот, едногласно го избрале Нианг за прв човек на светската кошарка.

Аман Нианг на функцијата го наследи Орацио Мауратре и ќе ја обавува до 2023 година, бидејќи претседателскиот мандат во ФИБА трае четири години.

„Искрено им се заблагодарувам на сите национални сојузи што денес ми ја дадоа довербата. Со понизност ја прифаќам дадената одговорност. Ветувам дека целосно ќе и се посветам на ФИБА додека ми трае мандатот и ќе ставам во служба на кошарката во целиот свет. Ние сме тело кое управува со кошарката и мораме да ја имаме главната улога во развојот на нашиот омилен спорт“, рекол Нианг.

Конресот на ФИБА се одржа во пресрет на Светското првенство кое во Кина ќе започне на 31 август.

Scroll to Top