Валтери Ботас наредната сезона ќе вози во тимот на Алфа Ромео. Финецот, во Алфа Ромео, доаѓа на местото на Кими Раиконен кој ќе замине во пензија. Заминувањето на Ботас значи дека за Мерцедес, од наредната сезона, ќе вози Џорџ Расел. Се очекуве Мерцедес пред трката во Монца да го потврди договорот со 23-годишниот Британец.
Валтери Ботас, пред пет години од Вилијамс се пресели во Мерцедес, како поддршка за Луис Хамилтон.
Ботас во Алфа Ромео доаѓа како победник на девет трки и освојувач на 17. пол-позиции во болидот на Мерцедес. Во кариерата досега настапил на 92.трки за Мерцедес. Сезоните 2019 и 2020 ги завршуваше на второто место во генералниот пласман.
Не е познато кој ќе му биде колега на Ботас наредната сезона.