Top Sport

Ботас прво беше најбрз, па се судри со Грожан! (видео)

Валтери Ботас постави најдобро време на вториот тренинг пред завршната трка од сезоната во Абу Даби, иако вечерта ја уништи со судир (за кој тој беше виновен) со Роман Грожан.

Возачот на Мерцедес беше втор најбрз со една десетинка заостанување зад Макс Ферстапен на стартот на сесијата со „средни гуми“, пред да направи предност од 0.310 пред колегата Луис Хамилтон со новиот мотор на Мерцедес, поради кој ќе стартува од последното место на неделната трка.

Подоцна во сесијата, додека беше на симулација на трка, тој направи неверојатно агресивен потег, влегувајќи во внатрешната страна пред Роман Грожан во Хас на 11-тата кривина, и откако Французинот не го виде, двајцата се судрија.  Грожан не се врати на сесијата.

Трет најбрз беше Шарл Леклер во Ферари со 0.386 секунди послабо време од Ботас, а Ферстапен заврши како четврти со 0.551 секунди послабо време, три десетинки пред второто Ферари на Себастијан Фетел. По него следуваа Алекс Албон во Торо росо, Грожан за Хас, Серхио Перез за Рејсинг поинт и вториот возач на Торо росо, Данил Квјат.

Scroll to Top