Top Sport

Само во Грција – тројца одбиваат да играат за репрезентацијата бидејќи селекторот е од ПАО!

Тројца кошаркари на Олимпијакос, Јоргос Принтезис, Адонис Кониарис и Костас Папаниколау одбиваат да играат за грчката репрезентација бидејќи селекторот доаѓа од големиот ривал, Панатинаикос.

Американецот Рик Питино неодамна стана грчки селектор, по што се врати и на клупата на Панатинаикос, што им пречи на кошаркарите на Олимпијакос, кои со отворено писмо објавија дека нема да играат додека Питино е селектор.

„Кога се сретнав со нив немав понуда да се вратам во клупската кошарка. Ги почитувам сите грчки екипи и ривалството не треба да постои кога се работи за националниот дрес. Ќе направам тим од 12 кошаркари кои ќе дадат сè за победа“, изјави Питино.

Најверојатно, тројката од Олимпијакос нема да игра на квалификацискиот турнир за Олимпијадата следното лето, кога Грција гостува во Канада во група со домаќинот и со Кина.

Scroll to Top