Top Sport

Ботас со рекорд на патеката до пол-позицијата во Остин

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Тексас. Финецот на патеката во Остин стигна до 11 пол-позиција во кариерата.

Ботас до првата позиција на стартот дојде со рекордно брз круг 1:32.029. До него утрешната трка ќе ја започне Себастијан Фетел. Возачот на Ферари имаше послабо време за само 12 илјадити делови од секундата.

Вториот стартен ред е резервиран за Макс Ферстапен (ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари). Светскиот првак Луис Хамилтон се избори за петтото место, а третиот ред го комплетираше Александар Албон од Ред Бул.

Во првите десет на стартот ќе бидат уште Карлос Саинц, Ландо Норис (двајцата од Мекларен), Даниел Рикардо (Рено) и Пјер Гасли (Торо Росо).

Трката во Остин утре ќе започне во 20.10 часот по средно-европско време.

Scroll to Top