Top Sport

УФЦ: Докторот ја расипа забавата и го прекина мечот Масвидал-Дијаз (видео)

Хорхе Масвидал ја освои специјалната „БМФ“ награда во главниот меч на УФЦ 244 во Њујорк, откако трилер-дуелот со Нејт Дијаз беше прекинат пред стартот на четвртата рунда поради голема исеченица над окото на Дијаз.

Главниот меч ана УФЦ 244 носеше специјална титула „Baddest Mother F****r“, откако појасот беше донесен во октагонот од поранешниот ВВЕ шампион, а сега холивудски актер Двејн „Рок“ Џонсон. И мечот не разочара, откако Масвидал и Дијаз влегоа во супер-пресметка, а Масвидал ја имаше иницијативата.

Дијаз доби исеченица над десното око уште во првата рунда, но остана на нозе и не се предаде, пред докторот да го сопре мечот. Ова наиде на лута реакција на публиката во „Медисон сквер гарден“, по што Масвидал вети ри-меч со зборовите: „Ви ветувам, нема да бегаме“.

Scroll to Top