Top Sport

Артур Мело не може без проблеми – го удрил Ферарито во семафор под дејство на алкохол

Новото засилување на Јувентус, Артур Мело не престанува да биде на насловните страници во шпанскиот печат, откако според последните вести направил сообраќајна несреќа со своето Ферари под дејство на алкохол во 4 часот наутро.

Според „Диари де Џирона“, досегашниот фудбалер од средниот ред на Барселона, со својот автомобил удрил во семафор во неделата навечер, по што паднал на тест на алкохол и добил обвинение за возење под дејство на алкохол.

Ова е последен проблем на Бразилецот, кој беше заменет со Миралем Пјаниќ, и уште е во легална битка со Барселона. Тој одби да игра за Блауграна во Лигата на шампионите и Барселона ветија дека ќе мора да ја отслужи дисциплинската казна пред да му биде дозволено да почне со тренинзи со Јувентус.

Scroll to Top