Top Sport

Ботас заврши како најбрз на вториот тренинг во Катар

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас постави најдобро време на вториот тренинг пред Катар ГП трката овој викенд, додека лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен заврши како трет со Ред бул пред лутиот ривал Луис Хамилтон.

Ботас постави време од 1:23.48, за две десетинки побрзо од изненадувачки брзиот Пјер Гасли во Алфа таури  на второто место.

Возачите на Астон Мартин исто така изненадија со шестото место на Ленс Строл и деветтото на Себастијан Фетел, додека Лендо Норис беше петти за Мекларен.

Хамилтон го стартува Ф1 викендот во Катар, првиот во историјата, со 14 поени заостанување зад Ферстапен во генерален пласман.

Scroll to Top