Top Sport

Руд го шокираше Рубљев за полуфинале во Торино!

Норвежанецот Каспер Руд направи неверојатен камбек за 2:6/7:5/7:6(5) победа над рускиот фаворит Андреј Рубљов за да стане изненадувачкиот четврти полуфиналист на АТП финалето во Торино.

Иако на програмата остана уште вечерашниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори, полуфиналистите на завршниот турнир се познати – Руд ќе игра со освојувачот на Црвената група, Данил Медведев, додека Ѓоковиќ ќе се судри со Александер Зверев.

Рубљов имаше фантастичен старт на мечот, откако со два брејка стигна до 6:2 во првиот сет, а потоа имаше и брејк предност во вториот сет, пред Руд да врати и на сервис на противникот да израмни на 1:1. Русинот повторно имаше брејк предност и во третиот сет, но не успеа да го искористи, и Норвежанецот стигна до најголемиот успех во својата кратка кариера.

Scroll to Top