Top Sport

Браќата Маркез следната година ќе бидат колеги!

Мото ГП „доминаторот“ Марк Маркез следната година за свој клупски колега ќе го има помладиот брат Алекс Маркез, откако Репсол Хонда објавија дека Мото2 шампионот ќе го замени Хорхе Лоренцо, кој замина во пензија, со договор на една година.

23-годишниот Алекс ја освои Мото2 титулата, а претходно беше и Мото3 шампион и првпат ќе вози во Мото ГП класата, каде што неговиот 26-годишен брат има освоено неверојатни шест титули во седум години.

Иако се веруваше дека Французинот Жоан Зарко е главен кандидат да го замени трикратниот светски шампион Лоренцо, кој се повлече пред трката во Валенсија, изборот падна на младиот Маркез, секако со влијание на неговиот постар брат. Хонда, вака, ќе има адут за да продолжи со преговорите со Марк Маркез за продолжување на договорот по 2020 година.

Шпанската компанија „Репсол“ пак, во исто време, со ова добива џек-пот и ќе може да врши промоција на брзите браќа.

Scroll to Top