Top Sport

Продолжува „сагата“ со Абидал – братучедот признава дека трансплантацијата е „сомнителна“

„Сапуницата“ околу Ерик Абидал и неговата трансплантација на црн дроб продолжува, откако братучедот на поранешниот фудбалер, Жерар Арман пред појавувањето на суд оваа недела признава дека има „нешто сомнително“ во целата процедура.

„Сега, со време, мислам дека има нешто сомнително. Би сакал да знам што е тоа, и најдобро би било да нема ништо. Но, ако има нешто, тогаш се надевам дека Ерик не бил свесен за тоа, бидејќи во спротивност ќе има нешто грдо“, вели Арман во интервју за весникот „Ел конфиденсијал“.

Абидал, кој сега е спортски директор на Барселона, пред седум години имаше трансплантација на црн дроб, по што се појавија шпекулациите дека тогашниот претседател на каталонскиот клуб, Сандро Росел обезбедил црн дроб на „црниот пазар“, пред да се јави приказната со братучедот.

„Немаше муабет за пари, бидејќи тоа ќе претставуваше тргување со органи. Се согласив бидејќи се работи за мој роднина, моја крв. Бев предупреден за компликациите, но сакав да направам нешто добро. Бев шокиран кога слушнав дека дробот не е мојот, бидејќи јас ја направив операцијата. Пред операцијата, односите со Ерик беа одлични. Но, сега не сме се виделе осум-девет месеци. Веќе не зборуваме. Немам вести, не знам како е Ерик“, вели Арман.

Експретседателот на Барса му купил на Абидал црн дроб на „црно“?

Scroll to Top