Директорот на мотоспорт на Ф1, Рос Браун вели дека трката во Кина овој викенд, инаку јубилејна 1.000 трка во историјата на Формула 1 е „најблескав симбол на историјата на спортот и патоказ кон иднината“.
Во период во кој сопствениците „Либерти медија“ и ФИА се обидуваат да ги „испеглаат“ новите правила во 2021 година со кои би ги задоволиле тимовите и би обезбедиле иднина за спортот, шампионатот ќе ја прослави 1.000-та трка во Шангај.
1000 F1 races ??
Two cool posters ?
Order yours here >> https://t.co/s07vdSHxRy#Race1000 #ChineseGP ?? pic.twitter.com/cVC4BoEXGj
— Formula 1 (@F1) April 10, 2019
Традицијата и историјата на Формула 1 секогаш била важна за спортот, и сега како дел од револуцијата за 2021 тимовите се обидуваат да ги заддржат високите исплати за успехот и постојаноста, додека сопствениците сакаат ограничување на буџетот.
„Ф1 има неверојатна можност да постави нов пат за спортот кој нема ривали во однос на спектаклот кој го нуди и глобалниот дофат. Ф1 има неверојатна историја, но треба да одиме напред. Сакаме да ја направиме Ф1 поспектакуларна, со понеизвесно тркање и таа да биде оддржлива, и финансиски и еколошки“, вели Браун.