Top Sport

Дури 120 навивачи на Јувентус уапсени во Амстердам, фановите на Ајакс се судрија со полицијата! (видео)

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потврди дека 120 навивачи на Јувентус се уапсени и им е спречено да влезат на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам за меч од Лигата на шампионите.

Според „Тутоспорт“, Салвини потврдил дека навивачите биле уапсени бидејќи носеле „предмети кои не се прикладни за влегување на стадион“. Всушност се работело за ладно оружје!

Покрај ова, италијанските медиуми јавуваат за судири помеѓу навивачите на Ајакс и полицијата пред натпреварот, а биле користени и водени топови.

Scroll to Top