Флавио Бријаторе кој во минатото беше шеф на тимот што повеќе не постои Бенетон ја критикувал одлуката на Скудерија Ферари да го задржат Кими Раиконен во сезоната 2018. Бријаторе смета дека уште во 2018 година шанса во тимот покрај Себастијан Фетел требало да добие Шарл Леклер.
Кими Раиконен не може да се пофали со добри резултати во 2018 година, а на некои трки не му беше од помош на Фетел.
Финецот по завршувањето на сезоната се пресели во Алфа Ромео, а на неговото место во Ферари дојде Лекерл кој имаше добра сезона што му обезбеди нов договор со тимот од Маранело.
„Леклер е млад, има храброст и тоа го покажува. Да бев јас во Ферари уште пред две години ќе му дадев шанса на местото на Раиконен, знаете Раиконен ништо не нарпави во 2018 година. Веќе во тој момент ќе ризикував со Леклер. Тој е силно момче“, рекол Бријаторе.
2018 година беше дебитантска за Леклер во Формула 1. Како возач на Алфа Роме Заубер тој освои 39 поени.