Top Sport

Алиоски и соиграчите си ги намалиле платите

Членовите на стручниот штаб на Лидс Јунајтед на чело со тренерот Марсело Бјелса и фудбалерите меѓу кои е и македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски доброволно решиле во наредниот период да си ги скратат платите со цел клубот да може нормално да функционира.

Низ цела Европа првенствата се суспендирани поради што клубовите губат огромни финансиски средства.

Тренерите и играчите на Лидс решија самите да си ги намалат платите за да може клубот да ги исплати останатие 270 работници кои работа во клубот, а кои не се директно поврзани со фудбалот.

„Моите играчи покажаа неверојатно чувство за сплотеност. На Марсело, неговите соработници и играчи им благодарам бидејќи на прво место го ставија целиот тим, им благодарам бидејќи се грижат за семејството“, рекол директорот на Лидс Јунајтед, Виктор Орта.

Инаку на девет кола до крајот на сезоната во Чемпионшип дивизијата Лидс Јунајтед се наоѓа на првото место со 71 поен што му гарантира пласман во Премиерлигата.

Scroll to Top