Top Sport

Чеко Перез ги предупреди Ферстапен и Ред бул: Не сакам подарок-победа во Мексико

Откако во неделата со победата на Макс Ферстапен на Американското ГП, Ред бул ја осигураа и титулата кај конструкторите, Серхио Перез му порача на светскиот шампион и на неговиот тим дека не сака „подарок“ на домашното Мексиканско ГП пред бучната публика во недела.

Ферстапен доминираше во 2022 и веќе беше прогласен за шампион на Јапонското ГП, а со победата во Остин се израмни со Михаел Шумахер и Себастијан Фетел како единствени возачи со по 13 победи во една сезона. По ова се зголемија шпекулациите дека Перез ќе добие шанса да блесне на Мексиканското ГП за своја трета победа оваа сезона.

„Не треба да ми се подарува ништо, се што сум остварил во кариерата овие години сум го направил без подароци, така што не размислувам за тоа. Само се фокусирам на совршен викенд и на победа“, вели Чеко за „ЕСПН“.

32-годишниот ветеран вели дека тимот мора да се фокусира на заддржување на низата победи, а не на некаков „подарок“.

„Јас секогаш го давам максимумот за мојот тим, и така ќе остане“, додава Перез.

Scroll to Top