Top Sport

Интер има 2:0 против Викторија, Барса пред „портите“ на Лига Европа

Надежите на Барселона дека Викторија Плзењ ќе направи „чудо“ на „Сан Сиро“ против Интер и така ќе ги остави Каталонците во „живот“ во трката за место во Лигата на шампионите се пред уривање, откако „нераѕурите“ успеаја да дојдат до водство во 35. минута, а седум минути подоцна, Един Џеко им ги „подотвори“ вратите кон осминафиналето на елитното натпреварување.

Откако претходно и покрај иницијативата на „нераѕурите“, тие не успеја да го совладаат солидниот голман на чешкиот тим, Станек до 35. минута, кога по одличниот пробив на Бастони, Хенрих Мхитарјан ја затресе мрежата. Во 42. минута пак, по одличната акција на Барела и Димарко, Един Џеко зголеми на 2:0, оставајќи ги шансите на Барса во доменот на теоријата.

Scroll to Top