Top Sport

Продолжува „војната“ – Тебас бара казна за ПСЖ поради „лудото“ трошење

Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас продолжува со нападите на „непријателот број 1“ Пари Сен-Жермен, јавно барајќи казна за францускиот тим поради нивното „лудо“ користење на финансиската моќ.

ПСЖ, кои според француските медиуми имаат загуба од 574 милиони евра од 2020 до 2022, успеаја да го убедат Килијан Мбапе да ја одбие понудата од Реал Мадрид во текот на летото со неделна плата од 700.000 евра, со што се верува дека загубата на клубот ќе се зголеми за 630 милиони евра во следните три сезони.

Овој потег ги налути Реал Мадрид и самиот Тебас, кој во текот на летото со писмо до УЕФА побара казна за ПСЖ. Сега, во интервју за „Ел мундо депортиво“ вели дека мора да има итна реакција.

ПСЖ претходно во 2017 платија 222 милиони евра за да го откупат договорот на Нејмар со Барселона, и во моментов го имаат најскапиот тим во историјата со Нејмар, Меси и Мбапе во нападот.

И покрај протестите на Тебас, ниту во Шпанија, финансиската ситуација на големите клубови не е „розова“. Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид имаат долгови од околу милијарда евра.

Scroll to Top