Top Sport

Црвено знаме во Џеда! Судирот на Шумахер му направи „услуга“ на Ферстапен!

На драмата во Формула 1 шампионатот очигледно и нема крај, откако Мерцедес успеаја да ја загубат 1-2 позицијата од стартот по инцидентот на Мик Шумахер во Хас, по што по рестартот Макс Ферстапен ќе биде прв пред двајцата возачи на Мерцедес.

Луис Хамилтон и Валтери Ботас ги зачуваа своите позиции на стартот на трката, но по излетувањето на Шумахер, од Мерцедес решија да ги повикаат двајцата возачи во боксот за свежи гуми, додека Ферстапен и Ред бул решија да останат на патеката.

Работниците се обидуваа да ја поправат бариерата во која се удри Шуми Јуниор, но откако не успеаја, беше покажано црвено знаме. Ова значи дека Ферстапен ќе добие „слободно“ менување на гуми и ќе го има рестартот во 19:15 часот како првопласиран.

Scroll to Top