Top Sport

Директорот на Лидс во конфликт со сопствените навивачи по ремито во последната минута

По 2:2 ремито со Брентфорд, обезбедено со голот на Патрик Бамфорд во последната минута, директорот на Лидс јунајтед, Виктор Орта влезе во неверојатна расправија со дел од навивачите на неговиот клуб на „Еланд Роуд“ по драматичниот крај на мечот.

На Лидс оваа сезона не им оди најдобро, но овојпат тимот на Марсело Биелса се спаси во последната минута, откако прво се појавија свирежи од дел од нивните навивачи, и Орта очигледно беше доволно луд да почне да се расправа со нив, замолчувајќи ги. Тој дури тргна кон нив, пред да биде сопрен од генералниот директор на клубот Ангус Кинир, за да не се создаде поголем инцидент.

Scroll to Top