Top Sport

Цунода ќе остане во Алфа Таури

Возачот на Алфа Таури, Јуки Цунода ќе вози и следната година во Формула 1 шампионатот за тој тим. Јапонецот го продолжи договорот на една година.

22-годишниот Цунода дебитираше во Формула 1 во Алфа Таури пред две години и следната сезона ќе му биде трета во шампионатот.

Засега не се знае кој ќе вози за тимот со Цунода во 2023 година, бидејќи се шпекулира дека Пјер Гасли би можел да се пресели во Алпин.

Холанѓанецот Ник де Врис, кој го замени болниот Алекс Албон во Вилијамс во Монца, е еден од кандидатите за нов возач на Алфа Таури, во случај Гасли да замине, објави „Скај спорт“.

Цунода сезонава во три наврати завршуваше меѓу првите десет, а најдобар резултат во кариерата му беше четвртото место на минатогодишната последна трка од сезоната во Абу Даби.

Цунода моментално е 16. во поредокот кај возачите со 11 бодови.

Scroll to Top