Top Sport

Легендата на Вест Хем се враќа во клубот како директор

Легендарниот играч на Вест Хем, Марк Нобл ќе се врати во клубот како спортски директор, беше објавено во четвртокот.

Нобл ќе ја преземе функцијата на 2. јануари следната година. Тој се збогуваше од фудбалот на крајот од претходната сезона, по 18 години во дресот на „чеканите“ и 550 настапи за првиот тим.

Поранешниот играч за врска во текот на летото заврши курс на престижниот Харвард, што беше одлична подготовка за неговата нова позиција.

„Чувствувам дека ова е одлична можност да придонесам за клубот и да помогнам во повеќе области, а можам да им ветам на сите во Вест Хем дека ќе дадам се од себе“, рече Нобл.

Scroll to Top