Top Sport

Дали Мерцедес, конечно, ја покажаа вистинската брзина?

Луис Хамилтон го израмни најдоброто време на Себастијан Фетел во интересниот финиш на зимското тестирање во Формула 1, но светскиот шампион вели дека Ферари имаат јасна предност.

Само 0.003 секунди ги разделија Хамилтон во Мерцедес и Фетел во Ферари во последниот осми ден тестирање во „Каталуња“, најавувајќи интересен старт на сезоната на 17 март во Мелбурн. Фетел имаше поставено најдобро време од 1:16.221 во утринската сесија на најбрзите Ц5 гуми, време до кое попладнето дојде и Хамилтон. Но, импресивното зимско тестирање на Ферари заврши со СФ90 болидот застанат на патеката со проблем со електрониката, трет ваков проблем последните три дена.

Хамилтон изјави дека Ферари имаат значителна предност пред петкратните актуелни шампиони Мерцедес, но по ваков финиш на тестот никој не е сигурен.

„Ферари се најбрзи досега. За нас ова ќе биде најголемата битка која сме ја имале. Мислам дека потенцијално разликата е половина секунда“, вели Англичанецот.

Зимското тестирање честопати знае да „излаже“ со резултатите, но повеќето експерти оценија дека Ферари се пред Мерцедес и во краткорочното излегување на патеката и во симулации на трки.

БАРСЕЛОНА – 4.ДЕН

1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:16.221, 110 кругови

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:16.224, 61 кругови

3.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:16.561, 71 кругови

4.Нико Хилкенберг (Рено) 1:16.843, 51 кругови

5.Данил Квјат (Торо росо) 1:16.898, 131 кругови

6.Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) 1:16.913, 134 кругови

7.Роман Грожан (Хас) 1:17.076, 73 кругови

8.Даниел Рикардо (Рено) 1:17.114, 52 кругови

9.Кими Раиконен (Алфа Ромео) 1:17.239, 132 кругови

10.Кевин Магнусен (Хас) 1:17.565, 94 кругови

11.Макс Ферстапен (Ред бул) 1:17.709, 29 кругови

12.Серхио Перез (Рејсинг поинт) 1:17.791, 104 кругови

13.Роберт Кубица (Вилијамс) 1:18.993, 90 кругови

Scroll to Top