Додека трае паузата во шампионатот во Формула 1, важна тема меѓу љубителите на овој спорт се уште е влеувањето на Ауди во светот на Ф1 од 2026 година.
Проектот за соработка со Заубер, претставен на саемот за автомобили во Шангај, многумина го примија со ентузијазам. Меѓу нив е и поранешниот возач на Формула 1, Педро де ла Роса (52), кој смета дека и Ауди би можел да се вклучи во борбата за освојување на шампионската титула.
За потсетување, Ауди ќе биде одговорен за развојот и конструкцијата на погонскиот систем, додека Заубер ќе ги гради шасијата и аеродинамиката во својата база во Хинвил.
Како подготовка за идно партнерство со Ауди во текот на зимата, Заубер го донесе Андреас Зајдл, кој ја презеде функцијата извршен директор на швајцарскиот тим, кој моментално се трка под името Алфа Ромео во Формула 1.
MEDAINFO: Audi presents Formula 1 project in China
>> https://t.co/4z72ltcdVb#Audi #F1 #Formula1 #FutureIsAnAttitude #AutoShanghai #emobility pic.twitter.com/Yxpe17XMCa
— Audi Sport (@audisport) April 18, 2023
Ова партнерство меѓу Заубер и италијанскиот производител на автомобили ќе биде суспендиран на крајот на годината.
„Тоа е маратон и мислам дека Андреас го разбира тоа. Тоа е маратон, во кој новиот тим го помина само првиот километар, свесен дека има уште многу да направи“, рече Де ла Роса за време на гостувањето во подкастот „Ф1 нации“.
„Тешко ми е да проценам што точно се случува со Алфа Ромео, бидејќи тие се многу несигурни. Понекогаш се многу брзи, а понекогаш многу бавни.“
„Впечаток е дека кај нив многу зависи од патеката, но и од гумите. Понекогаш успеваат да ги приспособат болидите да работат како што треба, а потоа во некој следен случај ништо не функционира. Моментално работат на долги патеки. Имате дол натпревар во овој спорт и Ауди го знае тоа. Мислам дека за неколку години ќе се бори за титулата“, изјави шпанскиот ветеран, кој моментално е претставник на Астон Мартин.