Тимот на Дукати денес соопшти дека од наредната сезона нов возач ќе биде Австралиецот Џек Милер.
Милер во Мото ГП класата дебитираше во 2015 година, а од 2018 година го вози моторот на Дукати во тимот Прамак.
Со фабричкиот тим на Дукати Австралиецот потпишал едногодишен договор со можност тој да биде продолжен на уште една година.
„Прво сакам да искажам благодарност до целиот тим на Прамак за поддршката што ја добивав во изминатите две и пол години. Голема чест за мене е што ќе продолжам во Дукати. Им благодарам што ја добив довербата. Со нетрпение чекам да започне оваа сезона. Подготвен сум целосно да му се посветам на Дукати од 2021 година“, рекол Милер.
Минатата сезона Џек Милер го освои осмото место во вкупниот поредок. Австралиецот во кариерата има една победа, во 2016 година славеше на Големата награда на Холандија во Асен.
https://twitter.com/DucatiMotor/status/1265573329806807040