Top Sport

Кулушевски: Роналдо и Сари ми посакаа добредојде

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски од наредната сезона ќе го носи дресот на најтрофејниот италијански клуб Јувентус. „Старата дама“ во јануарскиот преоден рок плати 40 милиони евра за него, но го остави до крајот на сезоната да игра на позајмица во Парма.

Кулушевски е воодушевен што ќе има можност да игра во ист тим со Кристијано Роналдо и Паоло Дибала. Убеден е дека ќе избори место во првиот тим на Јувентус.

„Секој нов ден се чувствувам посилен. Ме привлекува идејата што ќе добив шанса да се пробам против најдобрите. Одам да учам. Искрено, го чекам моментот кога ќе заиграм со Дибала кој има магична лева нога. Јас можам да играм на повеќе позиции, очекувам дека ќе се изборам за своето место“, рекол Кулушевски.

Кога бил во Торино на потпишување на договорот добредојде му посакал тренерот Маурицио Сари и најдобриот играч Кристијано Роналдо.

„Тоа беше неверојатен ден за мене, атмосферата беше специјална. Роналдо ме поздрави, ме праша како сум. Клуч за трансферот беше Сари ме „купи“ со неговите зборови“, заклучил 20 годишниот фудбалер.

Куушевски има одиграно пет натпревари за репрезентацијата на Македонија до 17 години, меѓутоа потоа реши да настапува за Шведска. За сениорскиот тим на оваа земја дебитираше во ноември минатата година против Фарските острови, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Scroll to Top