Top Sport

Џорџ Расел славеше во Сао Паоло за деби Ф1 победа во кариерата

Пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше на Формула 1 трката во Сао Паоло. За него ова е прва победа во кариерата. На Интерлагос, тој ја донесе и првата победа за Мерцедес сезонава.

Успехот го надополни и Луис Хамилтон кој заврши на вторто место кој сезонава останува без победа. На претпоследната трка во сезоната, третото место на подиумот му припадна на Карлос Саинц.

На самиот почеток на трката видовме инцидент помеѓу Магнусен и Рикиардо, Австралиецот се исфрли себеси, но и Данецот од трката.

На патеката веднаш беше испратено безбедносно возило, на самото рестартирање видовме контакт меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Двата ривали не се штедеа, Холанѓанецот и актуелниот шампион поминаа многу полошо.

Во истиот круг, круг број седум, видовме судир меѓу Леклер и Норис, за што Британецот доби казна од пет секунди. За тоа време Џорџ Расел одлично ја водеше трката, со безбедно возење се повеќе се оддалечуваше од Серхио Перез. Одлична трка возеше и Луис Хамилтон, Мерцедес водеше во поголемиот дел од трката – постариот Британец го престигна Перез и обезбеди 1-2 за Мерцедес.

Финишот на трката беше многу возбудлив, Ландо Норис го паркираше болидот на страната на патеката што донесе уште едно безбедносно возило. Имаше уште 12 круга по рестартирањето, Расел направи одлична работа да го задржи својот постар колега зад себе за да ја оствари својата прва победа во Формула 1.

Редоследот на топ 10 на „Интерлагос“ е следен: Расел, Хамилтон, Саинц, Леклерк, Алонсо, Ферстапен, Перез, Окон, Ботас и Строл.

 

Scroll to Top