Top Sport

„Стемфорд бриџ“ ќе оди во историјата, Челси ќе гради нов стадион

Легендарниот стадион на Челси, „Стемфорд бриџ“, набрзо би можел да замине во историјата. Сопственикот на Челси, Тод Боели, ја разгледува можноста за изградба на нов стадион.

Препознатливиот „Стемфорд Бриџ“ би доживеал слична судбина како „Хајбери“ каде своите натпревари ги играше Арсенал.

Оваа идеја датира од пред девет години, но тогаш властите во Лондон не дадоа дозвоила за изградба на новиот стадион.

Идејата е да се направи стадион со 60.000 седишта. Челси настапува на „Стемфорд бриџ“ од 1905 година, кој сега има капацитет од 42.000 гледачи.

Scroll to Top