Top Sport

Џорџ Расел со прва пол-позиција во кариерата

Џорџ Расел направи изненадување на денешните квалификации на патеката „Хунгароринг“. Британскиот возач успеа да стигне до пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Унгарија.

Мерцедес не е конкурентен на стартот на оваа сезона, но Расел денеска покажа дека е одличен возач, го извлече максимумот од болидот и оствари најдобро време за своја прва пол-позиција во кариерата.

Веднаш зад Расел ќе се најдат двајцата возачи на Ферари, Саинц и Леклер, а по нив ќе следат Норис, Окон и Алонсо.

Вториот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, имаше седмо најдобро време, додека актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Ферстапен, утрешната трка ќе ја стартува од десеттата позиција.

Scroll to Top