Top Sport

Каратистот Давид Петков освои злато на Европските универзитетски игри во Полска

Македонскиот каратист Давид Петков го освои златниот медал на Европските универзитетски игри во Лоѓ, Полска, откако во финалето го совлада Гарбиел Паула Матијас од Португалија со 4:1.

Нашата универзитетска репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски кој истакна дека Петков цело време доминирал. Ова е првиот златен медал за Македонија на Европските универзитетски игри, претходно Ангела Мојсовска се закити со бронза.

На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 држави и тие се натпреваруваат во 20 различни спортови.

Scroll to Top