Top Sport

Џоу во Алфа Ромео и следната година

Кинескиот возач Гуанжу Џоу ќе биде зад воланот на автомобилот Алфа Ромео во шампионатот во Формула 1 и во текот на 2023 година, потврдија од италијанскиот тим.

dobivaj vesti na viber

Џоу го заработи својот нов едногодишен договор со постојани и квалитетни изданија во својата дебитантска сезона, тој не ги направи грешките кон кои се склони дебитантите и ја заслужи довербата на шефот на тимот Фредерик Васер.

Првиот кинески возач со постојан ангажман во Формула 1 имаше тешка задача – да ги следи достигнувањата на неговиот поискусен тимски колега Валтери Ботас, што му успеа со евидентен напредок од почетокот на годината.

На овој начин се пополни уште едно место во караванот за следната сезона. Возачките постави не ги комплетирале три тима: Алпин, Хас и Вилијамс.

Scroll to Top