Top Sport

Мудрик во јануари се сели на „Сент Џејмс парк“?

Њукасл подготвува интересен трансфер во зимскиот преоден рок. Медиумите на Островот пренесуваат дека Њукасл стапил во контакт со Шахтјор во врска со трансферот на 21. годишниот Михаил Мудрик.

Наводно, „страчките“ се подготвени да му платат на украинскиот тим 50 милиони евра за играч чија вредност се проценува на 15 милиони евра и многумина го сметаат за играч кој ќе го одбележи украинскиот фудбал во следната деценија. Тој игра како крилен напаѓач.

Мудрик веќе подолго време е на мета на Баерн, го следат и скаутите на Челзи, но се чини дека Њукасл е подготвен за најконкретна понуда.

Ги помина сите категории на Шахтјор, а покрај во тимот од Доњецк како позајмен играше и во Арсенал од Киев и Десна. Тој е под договор со тимот од Доњецк до декември 2026 година.

Scroll to Top