Top Sport

Џовинаци заминува од Алфа Ромео

Алфа Ромео соопшти дека Антонио Џовинаци ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната.

Џовинаци вози за Алфа Ромео од 2019 година. Во тековната сезона 27-годишникот има освоено само еден поен. Џовинаци беше десетти на трката во Монте Карло.

На местото на Џовинаци, Алфа Ромео, потврдија дека ќе вози Гуанји Џо. Овој 22-годишен возач ќе биде првиот возач од Кина во Формула 1.

Од претходно е познато дека од 2022 година за Алфа Ромео ќе вози Валтери Ботас. Финецот доаѓа на местото на Кими Раиконен кој реши да ја заврши кариерата.

Scroll to Top