Top Sport

Четири можни засилувања за Њукасл – „Страчките“ во јануари ќе потрошат 90 милиони евра

Еди Хау викендов ќе дебитира на клупата на Њукасл јунајтед. На „Сент Џејмс парк“, против Брентфорд, Њукасл ќе се обидат да ја забележат првата победа во сезоната.

Хау во рацете зеде „жежок компир“, клубот кој доби нови сопственици, треба да го задржи во Премиер лигата.

Планот на клупските челници е во јануарскиот преоден рок да се засили со најмалку четворица фудбалери. Проблем е она што тимот го очекува до крајот на годината, натпревари со тешки противници, на кои треба да се освојуват бодови. Во спротивно, на Њукалс му претстои тешка борба за опстаник.

Њукасл со 90 милиони евра ќе се засилува во зимскиот преоден рок.

Прва мета е капитенот на Барнли, Тарковски. Се претпоставува дека можат да го добијат за 35 милиони евра. На списокот на Хау се и двајца играчи на Верона, Симеоне и Барак.
Цената на Барак, еден од најкреативните играчи од редот за врска во Серија А, би им бил достапен за 20 милиони евра. Симеоне, кој игра во животна форма и за кого интерс покажува Вест Хем е позајмен од Каљари.

Верона има опција да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра. Каљари нема да се притиват доколку овие пари ги добијат од Њукасл.

На крајот, Хау, во својот тим сака да го види и Лингард. Тој во летниот преоден рок одби да го напушти Јунајтед, се надеваше но не е во прв план кај Солскјер. Прашање е само дали проектот на Њукасл е доволно привлечен за повремениот англиски репрезентативец.

Scroll to Top