Top Sport

„Докторот“ одличен во Катар, Бањаја до пол позиција со рекорд на патеката

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја ќе стартува од пол позицијата на утрешната МОТО ГП трка за Големата награда на Катар – прва од новата сезона.

На патеката „Лосаил“ Бањаја имаше најбрз круг со време 1:52.772, што претставува рекорд на патеката.

Втората позиција му припадна на Фабио Квартараро, а трет денешните квалификации ги заврши Маверик Вињалес.

Квалификациите ги одбележа 42-годишниот Валентино Роси кој заврши како четврти.


Зад „докторот“ на утрешната трка која започнува во 19 часот ќе стартуваат Џек Милер, Жоан Зарко, Франко Морбидели, Алеш Еспаргаро, Алекс Ринс и Жоан Мир.


Интересно е што Зарко на четвртиот слободен тренинг пред првата трка од новата сезона постави рекорд на ова натпреварување. Тој ја постигна најголемата брзина во историјата на ова натпреварување – 362,4 километри на час.

Scroll to Top