Top Sport

Србија се спаси од Португалија, изненадувања во режија на Малта и Луксембург

Избраниците на српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси повторно одиграа добар натпревар (пред се второто полувреме) против Португалија за поделба на пленот, 2-2 во рамките на второто квалификациско коло за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
Диого Жота со двата гола во првото полувреме ги уништи домаќините кои, пак, во второто полувреме најпрво преку Митровиќ, а потоа и преку Костиќ стигнаа до голем бод со фаворитот.

Фаворитот во групата Е селекцијата на Белгија одигра нерешено 1-1 нагости кај десеткуваната Чешка. Иако домашниот селектор пред овој меч остана без четворица стандардни првотимци, сепак чешките репрезентативци откинаа 2 планирани бода од Белгијците.
Провод во 50 минута погоди за 1-0, а Лукаку 10 минути подоцна даде гол вреден 1 бод за својата селекција. Двете репрезентации сега се на врвот на табелата со по 4 бода од две средби.

Малта беше на прагот на голема сензација кај Словачка. Имаше предност од 2-0 (Гамбин 16 минута и Сатариано 20 минута) но словачките фудбалери во второто полувреме успеаја да стигнат до еден бод благодарение на погодоците на Стрелец и Шкрињар.

Изненадувањето на вечерта е во режија на Луксембург и нивната победа нагости кај Република Ирска. Голот за победа од 1-0 за малата држава е дело на Родригес во 85 минута.

Scroll to Top