Поранешниот шеф на Ферари, Стефано Доменикали направи интересна споредба на ситуација во Скудерија денеска и таа од времето на Михаел Шумахер, објаснувајќи дека легендарниот германски возач никогаш не ги обвинуваше Ферари за сите грешки и пропусти.
Шумахер освои пет последователни титули со Ферари за да ги додаде на двете освоени со Бенетон, но ситуацијата во тимот не секогаш беше идеална. Доменикали посебно посочи на 1999 година, кога Шумахер ја скрши ногата при инцидент на трката во Силверстоун.
„Тој никогаш не го обвинуваше тимот за проблемите, а имаше многу шанси да го направи тоа. Во Силверстоун во 1999 причината за несреќата беше тоа што една навртка на сопирачките не беше доволно цврста, но никогаш не слушнавте нешто негативно, никогаш не рече тимот направи грешка или слично. Михаел не беше среќен додека беше во тимот – секогаш сакаше да победува, ги анализираше сите детали за да го направи болидот подобар. Тоа е разликата со другите возачи“, вели Доменикали.