Андреа Довициозо во Дукати е победник на уште едно епско Чешко ГП на „Аутомотодромот“ во Брно, за своја втора победа оваа сезона пред клупскиот колега Хорхе Лоренцо и светскиот шампион на Хонда, Марк Маркез.
„Каков викенд! Очекував да бидам брз, но не толку. Имав чувство дека сум силен на патеката и останав на својот план. Пресреќно е повторно да се биде победник“, изјави Довициозо, за кого победата доаѓа во јубилејната 100. трка за Дукати.
Довициозо го издржа последниот интересен круг во кој беше под притисок на Маркез и Лоренцо за своја втора победа по таа на стартот на сезоната во Катар. Лоренцо, пак, во последниот круг прво беше претекнат од Маркез, за да се врати на втората позиција и да го предизвика Довициозо за првото место.
Another attempt from @lorenzo99 but @AndreaDovizioso cuts back down and back into the lead ?#CzechGP pic.twitter.com/I1awtNlO8w
— MotoGP™??? (@MotoGP) August 5, 2018
Сепак, и со третото место, Маркез го зголеми водството во генерален пласман на 49 поени пред Валентино Роси, кој беше четврти за Јамаха, откако ги загуби битките со Маркез и Лоренцо. Маркез има 181 поени на првото место, Роси е втор со 132, додека Довициозо е трет на 113 поени.
За Роси, мала утеха е тоа што легендарниот Италијанец стана првиот возач со над 6.000 освоени поени во Мото ГП шампионатот.
A podium was out of his reach but @ValeYellow46 looks happy enough with 4th in Brno ?#CzechGP pic.twitter.com/Wbd39tUXFO
— MotoGP™??? (@MotoGP) August 5, 2018
Дови на крајот прв доби честитки од колегата Лоренцо, со што се стави крај на една незгодна епизода за Дукати, откако пред трката Лоренцо, кој заминува во Хонда следната сезона, го обвини Довициозо дека се обидува да му ја уништи сезоната, откако Италијанецот изјави дека Лоренцо не се „снајде најдобро“ во италијанскиот тим. „Не потпишавме со него за да победи на две трки“, изјави Довициозо почнувајќи ја војната со зборови, но на крајот двајцата ривали си честитаа на подиумот.
За Мото ГП возачите нема одмор – веќе следната недела на програмата е Австриското ГП на патеката Ред бул ринг во Шпилберг.
Respect ?#CzechGP pic.twitter.com/kkABD5iIxW
— MotoGP™??? (@MotoGP) August 5, 2018
DOVI DOVI DOVi ?@AndreaDovizioso is BACK!#CzechGP pic.twitter.com/fjz54xKIbp
— MotoGP™??? (@MotoGP) August 5, 2018