Top Sport

Роналдо ќе заработува 22 милиони евра повеќе од Игуаин!

Кристијано Роналдо беше ѕвездата на летниот преоден рок, откако го крена угледот на Серија А, со трансфер од 100 милиони евра во Јувентус, каде што ќе стане убедливо најплатениот фудбалер во италијанската лига.

Роналдо ќе заработува фантастични 31 милиони евра по сезона во Торино, со што е за 22 милиони евра повеќе од следниот на листата, новото засилување на Милан, Гонзало Игуаин, кој добива 9 милиони евра годишно, објавува италијанската ТВ мрежа „Медиасет“.

Листата е депресивна за останатите фудбалери, иако повторно доминираат фудбалерите на Јувентус – Пауло Дибала е на плата од 7 милиони евра, додека Даглас Коста добива 6 милиони евра. Џиџио Донарума е најдоброплатен голман и петти најплатен фудбалер во лигата, со 6 милиони евра, додека Леонардо Бонучи ќе добие намалена плата по враќањето во Јуве со 5.5 милиони евра.

Фото: ЕПА

Scroll to Top