Top Sport

Дови најбрз на тренингот во Силверстон, неверојатно излетување на Рабат (видео)

Асот на Дукати, Андреа Довициозо беше најбрз на вториот тренинг за Британското ГП во Силверстон, победувајќи го локалниот возач на Хонда, Кал Крачлоу за само 4 илјадити делови од секундата.

Светскиот шампион Марк Маркез водеше во првата половина од сезоната, заедно со победникот на првиот тренинг Маверик Вињалес во Јамаха, пред Довициозо да се израмни со Маркез (2:02.228).

Валентино Роси потоа беше најбрз со 2:02.152, време кое остана до финишот на сесијата, кога Довициозо го постави времето од 2:01.385, за само 0.005 секунди пред Крачлоу. Вињалес беше трет најбрз со 0.061 секунди послабо време, пред Маркез, Хорхе Лоренцо, Џек Милер, Жоан Зарко и Роси, кој заврши како осми пред Андреа Јаноне и Алваро Баутиста.

Сесијата беше одбележана и со неверојатното излетување на Тито Рабат, во кое Шпанецот со неверојатна брзина ја загуби контролата, и по излетувањето некако успеа да заврши на нозе!

Scroll to Top