Top Sport

Жозе Мурињо и прес-конференцијата од 259 секунди (видео)

Жозе Мурињо не престанува да зачудува. Прес-конференцијата пред мечот против Тотенхем траеше неверојатни 259 секунди, откако поголемиот дел од англиските новинари го „утнаа“ откако тренер на Манчестер јунајтед се појави половина час претходно.

На крајот, Португалецот одговараше само 4 минути и 19 секунди пред да си замине, по турбулентната недела по 3:2 поразот од Брајтон и големиот број на шпекулации околу неговата иднина. Европските медиуми тврдеа дека Зинедин Зидан се подготвува да му го преземе неговото место, а тој самиот на блиските пријатели признал дека да се работело за било кој друг клуб досега ќе си дал оставка.

Запрашан за несогласувањата со потпретседателот на клубот, Вудворд, Мурињо вели дека не ги следел медиумите.

„Не ме прашувајте бидејќи не сум читал. Не знам. Не знам 10 отсто од тоа што е напишано или што се зборува на ТВ“, вели Мурињо.

Запрашан дали односите со Вудворд се добри, тој кратко одговори: „Секако“.

Еве уште дел од прашањата.

– Дали мислите дека премногу се зборува и дека се работи за преголема реакција за пораз во втор натпревар?

Мурињо: Вие сте песимисти, јас не сум.

– Кога Пол Погба ќе излезе и ќе каже дека односот не бил најдобар против Брајтон, како ве прави тоа да се чувствувате кога имате брилијатен фудбалер една недела и непостојан другата?

Мурињо: Пол мора да си одговори со свои зборови. Ако сакате објаснување за зборовите на Пол, треба него да го прашате.

– Дали чувствувате дека играте оваа сезона?

Мурињо: Како се чувствувам? Чувствувам дека игравме добро против Лестер и победивме. Чувствувам дека игравме лошо со Брајтон и загубивме.

– Дали мислите дека Ерик Баји и Виктор Линделоф имаа прогрес каков што очекувавте во вашиот клуб?

Мурињо: Нема да ги анализирам моите фудбалери со вас.

– Колку сте импресионирани со Почетино и начинот на кој тие работат?

Мурињо: Тоа нема да го коментирам.

Scroll to Top